Стружанец не фатил спортска па ја ограбил обложувалницата
Стружанец си заработи кривична пријава поради кражба. Се работи за 43-годишниот А.Н. кој на 28-ми јануари годинава, околу 10 часот и 30 минути, од кладилницата „Бетсити Балкан“ во Струга, си земал 40 илјади денари што ги пронашол во касата.
Откако му кажале дека неговиот спортски тикет е недобитен, стружанецот се упатил кај директорот на кладилницата кој, по извршената проверка му соопштил дека тикетот е навистина недобитен и дека нема никаква грешка. Тогаш, А.Н. ја забележал касата, од каде мошне брзо успеал да ги одземе парите и да избега од местото.
Полицијата го фатила за кратко време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа