Македонската и бугарската новинарска фела ќе создаваат позитивна клима за двете држави

 

На водневниот дијалог меѓу новинари и медиумски институции од Македонија и Бугарија, на иницијатива на Македонско-бугарската стопанска комора било договорено македонската и бугарската новинарска фела да развиваат меѓумедиумски дијалог со цел ширење на една позитивна клима и атмосфера за развивање на бизнис релациите, културната соработка и поттикнување на политичките елити во решавање на заемните односи.

- Потребна ни е една позитивна размена и клима на заемна флуктуација на информации. Тоа е наша главна цел. Немаме намера да бидеме предвесници на тивка дипломатија или било какви облици на решавање на проблемите на двете земји надвор од институциите и да ги суспендираме политичките елити од нивната одговорност, изјави по завршување на средбата Александар Чомовски.

Ѓорѓи Лозанов, претседателот на Асоцијацијата на електронски медиуми во Бугарија има многу поголеми можност за комуникација меѓу барското и македонското општество.

- Народите се поблиски отколку тоа што е видливо во медиумите.  Треба да работиме на тој процес. Не случајно тргнуваме од бизнисот бидејќи тој најмногу страда од таквата состојба, изјави Лозанов и додаде дека меѓу луѓето кои живеат во нашите земји и има многу пречки кои се наследени, меѓу кои и политички и историски.

Претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски потенцира дека во правец на создавање подобра комуникација е создавањето симбиоза меѓу медиумите за подготовка на добрососедските и зголемените бизнис релации.

- Во рамки на размената меѓу Македонија и Бугарија и создавање подобар амбиент за подобро движење на капиталот и продуктите во регионот Стоапнската комора и еснафот во неа сметаше дека треба преку своите полуги на сопственичката улога во медиумите да изнајде начин на воспоставување на една подобра стоапанска клима во регионот. Во тој правец и оваа средба за еснафот новинарски да може да изграеди едно свое позитивно мислење на добрососедски односи меѓу две држави кои развиваат сериозен бизнис кој почнува да се етаблира и преку финансиски капитал, изјави Темелковски.

02.02.2014 - 12:08
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега