Раковец: Би сакале нашите пријатели Македонци што поскоро да бидат дел од ЕУ и НАТО

 

Словенечкиот амбасадор во Македонија Бранко Раковец изјави дека би сакал Македонија што поскоро да ја виде во ЕУ и НАТО.

-Ние би сакале нашите македонски пријатели со јужниот сосед да најдат една солуција која ќе биде прифатлива и за едната и за другата страна. Тоа е многу значајно прашање кое би требало во иднина да се реши, затоа што сакаме да ја видиме Македонија што поскоро во ЕУ и во НАТО, вели Раковец.

Тој вели дека внимателно се следат сите преговори, но за жал тука можат да констатираат дека нема некој забележителен напредок.

Морам да кажам, истакнува тој, дека сепак Македонија меѓу државите членки има голема поддршка и се надевам дека во иднина и тоа ќе се случи, Македонија ќе започне преговори.

- Словенија секогаш беше адвокат на Македонија во врска со нејзините евро-атлански интеграции, ние поддржуваме Македонија да стане членка и на ЕУ и на НАТО. Тоа го посакуваме и за сите држави од Западен Балкан. Во извештајот на ЕК беа забележани области во кои Македонија во иднина треба повеќе да поработи. Да поработи на реформите во областа на независноста на судството, слобода на медиумите, да се направат чекори кои ќе обезбедат демократски процеси во Македонија, изјави амбасадорот на Словенија Бранко Раковец во интервју за Радио Слободна Европа.

02.02.2014 - 11:32
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега