Се гради локален пат во општина Градско

 

Во Градско денеска ќе стартува изградбата на локален пат до населеното место Подлес.

На почетокот на градежните активности ќе биде присутен заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Зоран Коњановски и градоначалникот на општина Градско, Жанета Чаушевска.

Инаку, средствата се обезбедени од Програмата за рурален развој за 2013 година.

02.02.2014 - 10:12
Фото: 
сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега