Превртено возило во бездна на Водно - не се знае каде е возачот

 

Вчера во 18,05 часот во полиција се јавил Ж.Т. од планинарско друштво „Бистра“ и пријавил дека кај локалниот пат за средно Водно, во близина на детското одморалиште имало паднато патничко моторно возило во провалија.

Униформирани полициски службеници излегле на лице место, при што пронашле патничко возило „Опел Вектра“ со скопски регистерски ознаки, бела боја паднато во провалија.

Возилото било затворено и празно и по извршената проверка утврдено е дека нема лица во близина на возилото, а сопственикот на истото се уште не е пронајден. 

02.02.2014 - 00:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега