Продолжува реконструкцијата на мостот на Вардар кај Пепелиште

По неколкудневниот прекин, од денеска продолжува санацијата на оштетениот мост на Вардар кај неготинското село Пепелиште, информираа од Службата за односи со јавноста при општина Неготино.

- Поради надојдените води во реката Вардар изминатите неколку дена активностите околу санацијата на мостот кој ги поврзува централна со Источна Македонија, но и Неготино со селото Пепелиште беа стопирани. Сега водостојот на реката намали и работите околу санацијата продолжуваат. Изведувачот ќе се обиде да го запази рокот од два месеца за санирање на главните оштетувања на средината на мостот кои придонесоа тој да се спушти за петнаесетина сантиметри, посочуваат од неготинската локална самоуправа.

Се уште важи забраната за движење по овој мост. Пешаците и лесните возила се пренасочени да се движат преку зобиколниот пат кој води низ селото Криволак, а тешките товарни возила се принудени до источниот дел од земјата да одат преку Велес. 

најчитано сега