Утре ќе провејува снег - се будиме на минус 4 степени

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во западните и југозападните делови ќе има слаби локални врнежи од снег на планините и на повисоките места, само на некои пониски места ќе бидат врнежите од дожд. Изутрина по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и претежно тивко. Изутрина ќе има појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до околу нула, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Во наредните денови не се очекува значителна промена на временската состојба кај нас. Ќе преовладува променливо време со сончеви периоди и со повремени локални слаби врнежи од снег на планините, а на некои пониски места во западните делови од дожд кои ќе бидат со послаб интензитет. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла.

01.02.2014 - 15:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега