"Дај ни телефон или сите ќе ги видат фотографиите" - скопјани уценувале малолетничка

 

 

Министерството за внатрешни работи до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава предаде двајца млади скопјани кои уценувале сограѓанин.

Се работи за 24-годишниот С.И. и 23-годишниот Р.И. кои се дружеле со оштетената на која С.И. и влегол на профилот на социјалната мрежа Фејсбук и ја уценувал дека ако не му даде андроид „Самсунг“, ќе изнесе во јавност компромитирачки фотографии. По ова, тие се слушнале телефонски и се договориле оштетената и Р.И. да се сретнат пред поштата во населба Драчево, каде таа ќе му го даде телефонот.

За уцените девојката и кажала на својата мајка, која случајот го пријавила во полициска станица.

Во населба Драчево, непосредно по превземањето на телефонот од оштетената, Р.И. е лишен од слобода, а набрзо потоа е пронајден и лишен од слобода и С.И.. Во дадените изјави, двајцата пријавени го потврдија извршувањето на кривичните дела, а со наредба од Судија во преходна постапка во нивните домови е извршен претрес и подигнатиот материјал е предаден за понатамошна обработка во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.

01.02.2014 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега