Пронајден вредниот крст кој беше украден од храмот Пресвета Богородица - еве ги деталите
Министерството за внатрешни работи расчисти неколку тешки кривични дела од областа на имотните деликти извршени со насилство на подрачјето на Битола. Се работи за 51-годишниот битолчанец Н.Т. кој крадел предмети од црква и без повод и причина напаѓал сограѓани.
Според податоците од полицијата, извршен е претрес во домот на пријавениот при што се пронајдени и одземени три икони како и еден стар црковен дрвен крст, кој од страна на Отец од храмот „Пресвета Богородица“ во Битола е препознаен. Се превземаат мерки за утврдување на сопственоста на иконите.
Постојат индиции дека осомничениот е инволвиран и во други инциденти регистрирани на подрачјето на Битола.
Битолчанецот си заработи 30 дена притвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа