ДПА ќе поддржи предвремени избори
Опозициската ДПА е подготвена да поддржи предвремени избори доколку таков предлог дојде во Собранието. Од партијата велат дека консензуалниот претседател и конфликтот околунего е само замајување на јавноста
„Нека го поднесат предлогот во Парламентот. Сигурно дека ние како опозициска партија не можеме да бидеме против предвремени избори, но сигурно дека причините за предвремените избори се различни од оние што бара ДУИ. Смешно е и шегување со Албанците да кажеш – бараме предвремени избори доколку Македонците не го прифатат македонскиот кандидат што им го нуди ДУИ. Доколку зборуваме за предвремени избори, ајде да зборуваме за реалните проблеми на граѓаните“, изјави Имер Алиу од ДПА за Алсат М
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа