Управата за имотно правни односи во Битола реализираше отворен ден со граѓаните
Директорот на Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии Зоран Крстановски денеска ја посети подрачната единица на Управата во Битола и оствари средби со граѓаните кои го искористија денешниот отворен ден за поставување на директни прашања и решавање на отворени проблеми кои што се од надлежност на Управата.
Според Крстановски, акцијата која ќе се одвива два месеца е во функција да обезбеди директна комуникација со стручните тимови на Управата, да се добие стручна помош и одговор на сите отворени прашања.
- Постапката за приватизација на градежно земјиште како наша примарна надлежност е најчесто прашање. Би сакал да информирам дека сите што до крајот на 2012 година не поднесоа барање за приватизација дека од почетокот на февруари и во наредните 9 месеци имаат нов рок за поднесување барање, рече Крстановски.
Тоа, како штопосочи, се однесува на сите физички и правни лица кои во имотните листови се запишани како корисници на земјиштето.
- Тие имаат можност и последна шанса да станат сопственици на земјиштето и на своето дворно место кое се продава по едно евро за квадратен метар. Постапката е едноставна, а согласно Закон, за сите оние што ќе го пропуштат овој рок ние како Управа ќе воспоставиме закупнина на предметното земјиште, нагласи Крстановски.
Од Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии на денешната средба во Битола информираа дека од стапувањето на сила на овој Закон односно од 2005 година биле регистрирани околу 233.000 барања, а бројот на решени предмети е голем.
- Битола е град кој се карактеризира со исклучителен број на барања за приватизација и ја издвојува во однос на другите градови. Од почетокот на 2005 година, само во Битола поднесени се околу 22.000 барања, а интересот за поднесување барање и понатаму е голем, но се се добива согласно процедурата и роковите, појасни Крстановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа