Сите ергени од Свети Николе ќе добијат 30.000 денари ако стапат во брак
Советот на Свети Николе донесе одлука нсите ергени над 40 години да добијат по 30.000 денари ако се одлучат да стапат во брак.
Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев вели дека одлуката треба да стапи во сила од 1 февруари.
- Во селата низ Светиниколско имаме околу 600 ергени, од кои во неколку села има по 15 или 20, вели Тасев.
Тој додава дека на овој начин ќе ги мотивираат мажите над 40 години кои се уште немаат склучено брак да си најдат невеста, а се очекува и да се зголеми наталитетот во општината.
31.01.2014 - 14:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа