Најголемиот одѕив досега за конкурсот за студентски стипендии - МОН ги објави резултатите
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за студентски стипендии за 2013/2014.
Според податоците, до крајниот рок пристигнале пристигнале рекорден број апликации (5387), од кои успешни биле 4694 или 87 отсто, што е за речиси 13 проценти повеќе од 2012/2013. За ова денеска информираше министерот за образование и наука, Спиро Ритовски.
- Најважно е што многу се зголеми свеста кај апликантите дека системот тешко може да се изигра преку лажно прикажување податоци и имотно-материјална состојба или, пак, за просечниот постигнат успех, истакна Ристовски на прес-конференција.
Неуспешни биле 693 апликации. Откако ќе ги добијат решенијата на домашна адреса, одбиените студенти ќе имаат право на жалба до комисијата на МОН.
Во првата категорија се распределени сите 1500 стипендии во месечен износ од 3.000 денари, наменети за студенти од социјално ранливи категории и предност за студенти од семејства на самохрани родители, додека во втората се распределени сите 630 стипендии во висина од 4.000 денари месечно, наменети за студенти со успех на студиите (најмалку 8.5 просечна оценка за студенти од техничките факултети и од медицинските науки и најмалку 9 за тие од општествените и од уметностите). Во третата категорија се доделени сите планирани 650 стипендии од 3.000 денари, за студенти од природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки, кои постигнале просечен успех од најмалку 7.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа