Охрид доби спомен-одбележје посветено на Водици

 

Во Охрид денеска на Градското пристаниште беше поставен и осветен камен темелникот на спомен-обележјето посветено на празникот Водици.

Донаторот на споменикот, кумот на Водици 2012 година, стопанственикот Ванчо Чифлиганец рече дека идејата за споменикот била во духот и традицијата на најмасовната прослава на Богојавление во овој дел од православието - граѓаните, туристите, балканскиот Ерусалим и Македонија да добијат автентично обележје, верска и туристичка атракција, нов, препознатлив и атрактивен симбол на Охрид.

Претседателот на советот на општината Охрид изјави дека денешниот чин се потврдува целосната поддршка што градските власти ја даваат на иницијативата за поставување спомен-одбележје за Водици.

- Општината беше вклучена во сите фази на носењето на одлуката за локациското решение, изборот на најдоброто идејно решение и еве таа подготвителна фаза ја заокружуваме со нашето присуство на почетокот на реализацијата на проектот, рече Коњаноска, изразувајќи благодарност до донаторот и уверение дека тоа ќе биде препознатливо спомен-обележје на градот со кое ќе се соживеат граѓаните на Охрид, но и генерациите што доаѓаат.

Авторот на споменикот  Ангел Коруновски изјави:

- Благодарност што ми беше укажана довербата јас како автор да го дадам идејното решение за спомникот. При осмислувањето цел ми беше да се глорификува фаќачот на крстот. Тој е прикажан на еден аскетски начин, со продуховен поглед и изглед, се со цел да се даде повозвишена конотација на монументот, изјави скулпторот.

31.01.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега