Шумски полицајци присилиле неколку лица бесправно да сечат дрва - еве колку се збогатиле
43-годишниот Т.Ѓ. и 52-годишниот П.Н. од Штип вработени како шумски полицајци ја злоупотребиле службената положба.
Пријавенитеги присилувале лицата Т.С. и Т.С. во нивна корист да вршат нелегална сеча, транспорт и дотур на нелегално исечени дрва, при што во овој период извршиле продажба на околу 600 метри кубни огревни дрва од атарот на селата Јонузлија, Ебеклија и Ќепекчилија.
На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 1.720.000 денари.
31.01.2014 - 13:33
Фото:
денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа