Ќе "засвети" клучката кај Штип - една од најфреквентните сообраќајни точки

 

Директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски и штипскиот градоначалник Илчо Захариев денеска и официјално го пуштија во употреба осветлувањето на клучката кај Штип.

- Денеска го пуштаме и овој дел од Источна Македонија, која е една од најголемите клучки на овој простор, кој е влез на Штип, но и за патните правци кон Кочани, кон Радовиш и Струмица, изјави Георгиевски за инвестицијата вредна 27 милиони денари.

Илчо Захариев кој беше дел од настанот истакна дека Штип доби нешто многу убаво, бидејќи кога ќе влегувате или излегувате ќе бида како во велеград и морам да кажам дека Владата на Република Македонија си стои на своето источна Македонија да биде навистина убаво место. Оваа година го очекуваме и стартот на изградбата на автопатот, реновирањето на патот Штип-Велес, Штип-Кочани и делот кон Радовиш.

Поставени се вкупно 130 канделабри со висина од 12 метри на кои се поставени светилки од 250 вати. Осветлувањето е изведено со систем за намалување на потрошувачката на електрична енергија (димирање) на сите светилки  со намалување на влезниот напон. Притоа светилките со полна сила од 250 вати ќе трошат 150 вати.

31.01.2014 - 12:44
Фото: 
дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега