Бушати: Нема договор за „Луково Поле“
Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати истакна дека не се вистинити ставовите на екс премиерот Сали Бериша и не е постигнат договор помеѓу македонската и албанската Влада за проектот „Луково Поле“.
- Бериша јавно нека каже за какви договори збори за овој проект. Албанија треба да покаже дигнитет и Радика не е меѓудржавен проблем. Постои идеен проект, кој за да се подигне на ниво проект за реализација треба да има физибилити студија. Потоа ќе се бара согласност од државите во кои би функционирал, а Светската банка отворена кажа дека нема да финансира проекти за кои немаат согласност инволвираните страните, рече Бушати во своето обраќање пред Албанскиот парламент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа