Се поизвесена кандидатурата на Иванов за нов мандат
Се поизвесна станува кандидатурата на актуелниот претседател на Ѓорѓе Иванов за нови 4 години во вилата на Водно. По последниот развој на настаните и одлучноста на ВМРО-ДПМНЕ да не го прифати ултимтумот на ДУИ, станува се поверојатно дека Иванов повторно ќе влезе во претседателската трка.
Од ВМРО-ДПМНЕ официјално велат дека својот кандидат ќе го изберат на партиска конвенција, но сепак, извори од кабинетот на Претседателот брифираат дека таму владее позитивна атмосфера и дека сите се подготвени да влезат во новата камапња за претседателските избори.
Интересна е и анализата на писмото кое претсеадтелот Иванов неодамна му го испрати на рускиот колега Владимир Путин по повод 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
„Подготвен сум заедно со Вас, преку размена на посети, средби и личен пример, и понатаму да даваме заеднички придонес и поттик за соработка како на политичко ниво, така и во областа на економијата, енергетиката, трговската размена, инвестициите, културата, туризмот, образованието и сите останати области“ - му напиша Иванов на Путин.
Интересно е што претсеателот изразува подготвеност за размена на посети и придноес кон подобрување на односите во последните неколку месеци од актуелниот мандат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа