145 македонски пациенти лани се лекувале во странство за само 200 евра

 

Минатата година 145 пациенти биле на лекување во странство. До ФЗОМ во 2013 барања доставиле дури 276. Но според податоците на zdravstvo24, 112 биле одбиени од комисиите бидејќи не биле искористени сите можности во македонскиот здравствен систем, односно не постоеле можности за успешно лекување на заболувањето во друга земја. Колку за споредба, податоците покажуваат дека бројот на пациенти кои заминуваат на лекување надвор од земјата од година во година е се помал – ланските 267 барања и 449 во 2010. Во 2013 за хируршка интервенција на очи заминале 38 пациенти во споредба со 157 во 2010. 17 случаи биле за детска кардиохирургија. И овој број е значително намален имајќи в предвид дека лани со тим на странски експерти во Македонија беа направени поголем број на операции на срце кај бебиња и деца. 23 пациенти биле испратени во странство за неврохируршки интервенции. Според експертите тоа покажува дека во странските болници завршуваат само најкомплицираните случаи. Останатите успешно ги завршуваат македонските лекари.

Од лани сите кои имаат потреба од хируршка интервенција во странство  плаќаат максимум 200 евра партиципација. Остатокот го покрива државата. Вкупните средства за лекување во странство во 2013 година изнесуваат 179,5 милиони денари, што е повисока вредност во однос на 2012 година за 22,5 милиони денари. Притоа,  просечниот износ за едно лекување е зголемен за 22%, односно истиот во 2013 година изнесува 1,2 милион денари по пациент. Овој факт укажува дека е намален бројот на упатувања за здравствените услуги кои се со пониска цена во споредба со поскапите интервенции

Очекувањата на здравствените власти се дека бројот на пациенти кои одат на лекување во странство константно ќе се намалува. Тоа се должи на задолжителната доедукација на лекарите во странски болници. Секоја година по 500 тини. Учат методи и техники кои ги нема во македонските болници.

 

31.01.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега