Затвор за поранешниот известувач за Македонија Зоран Талер
Поранешниот известувач за Македонија во Европскиот Парламент, Словенецот Зоран Талер е осуден на две и пол години затвор и парична казна од 15.000 евра поради корупција додека беше пратеник во Европскиот Парламент.
Европратеникот се најде во корупциски скандал подготвен од британскиот весник Сандеј тајмс. Новинарите на весникот се претставија како лобисти кои даваа награда од 100.000 евра на европратеници за да влијаат на усвојувањето закони во ЕП. Талер и неколкумина европратеници се фатија во мамката на весникот.
Словенечката полиција поднесе пријава против Талер, а тој потоа се спогодил со обвинителството.
- Формално со таа спогодба ја признавам вината, изјави Талер.
Паричната казна која ќе ја плати Талер ќе биде донирана во Педијатриската клиника во Љубљана, а затворската казна ќе ја издржува на крајот на секоја недела. Тој во наредните пет години нема да има право да се вработува во јавни служби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа