Откажани летовите за и од Истанбул
Воздушниот и копнениот сообраќај во Македонија утринава се одвиваат нормално, без забрани и ограничувања.
На аеродромот „Александар Велики“ утринава се реализирани полетувањата за Лондон, Виена и Загреб, а со мало задоцнување и слетувањата од Виена.
Единствено не се реализирани летовите за и од Истанбул на турската компанија „Туркиш Ерлајнс“.
На патиштата низ Македонија засега сообраќајот се одвива нормално, по влажни коловози.
31.01.2014 - 08:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа