Собранието ќе ја продолжи 60. седница

 

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи второто продолжение на 60. седница, а претходно седници ќе одржаат комисиите за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија. Комисијата за труд и социјална политика ќе одржи јавна расправа за Предлог на закон за заштита од вознемирување на работно место.

На дневен ред на 60. собраниска седница се предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност и на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, двата по скратена постапка, за кои исто така претходно треба да се изјаснат членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија и на Законодавно-правната комисија.

најчитано сега