Премиерот Груевски: Владините реклами се во корист на граѓаните и компаниите
Премиерот Никола Груевски денеска во Собранието одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека рекламите што Владата ги емитува преку јавните медиуми имаат цел да ги известат граѓаните и фирмите прецизно, навремено и на едноставен начин за сите реформи кои се интензивни и многубројни и не секогаш стигнуваат до нив, а медиумите тие емитувања си ги наплаќаат.
Груевки на прашањето поставено од пратеникот Оливер Спасовски одговори дека кон речиси сите медиуми се исплатени услуги што ги дале во однос на емитување информативни кампањи кои, според него, даваат резултати зашто со нив искористеноста на проектите е поголема од граѓаните и фирмите.
- Владата води такви политики на објавување информативни кампањаи во различни периоди за различни проекти, за различни закони или подзаконски акти, за граѓаните и компаниите да бидат информирани за новите можности и сите работи што се прават во нивна корист. Нормално, заради тие информативни кампањи Владата создава одредени обврски кон медиумите и тие за тоа наплаќаат. Се работи за исплати поврзани со емитувањето на информативните кампањи кои ги нарачала Владата во транспарентна постапка, со кои во најголем дел од случаите е постигнат ефектот. Се друго е манипулација, набивање тези кои не се точни и обид на испревртување на вистината, истакна Груевски.
Во врска со прашањето зошто енералниот сектетар на Владата Кирил Божиновски не пријавил стан во анкетниот лист и зошто заради тоа Владата не му побарала оставка, претседателот на Владата рече дека нема што додаде од одговорот што во јавноста го дал Божиновски, дека станот е на неговите родители.
- Немам што повеќе да додадам. Тој си одговори за него и неговите родители. Упатувам доколку има нешто незаконски, пратеникот да се обрати до институциите, да ги приложи доказите и да биде уверен дека инстутуциите ќе реагираат согласно законот, рече Груевски.
Седницата ќе продолжи по 15 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа