Тодоров: Го раскинав договорот со „Висарис"- дали Заев ќе ги прекине договорите со семејството?

 

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во Собранието истакна дека го раскинал договорот со фирмата Визарис. Во своето обраќање тој го запраша и лидерот на опозициската СДСМ, дали и тој ќе ги раскине договорите кои ги направил со членовите на своето семејство.

Тодоров повтори дека не знаел за тендерот и оти шест месеци по склучувањето на договорот била променета сопственичката структура на Висарис. При проверката на документите и постапката, според министерот, нема пронајдено никаква правна грешка  и повреда на процедурата.

- Во јавноста кажав дека лично сметам дека имаме неетичка ситуација. Од сите овие причини јас овој договор го раскинав, помеѓу другото за зачувување на начелото на приватност и чесност предвидено во Законот за облигациски односи, рече министерот.

Тој додаде и дека очекува Зоран Заев да ги раскине договорите со неговиот татко, брат, свастика, пратеници...

- Кога тоа ќе го направат, можеби и некој ќе поверува во она што го говорите. Но, тука има една непоправлива работа - парите се таму исплатени, нема назад, рече Тодоров. 

30.01.2014 - 14:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега