За предвремени избори на 27 април ДУИ нема коментар

 

Немам коментар. Ова е се што кажа портпаролот на ДУИ Бујар Османи на прашањето на Press24 дали се точни информациите кои кружат во медиумите дека веќе е договорен датумот за предвремени парламентарни избори и дека тие ќе се одржат заедно со вториот круг претседателски избори, на 27 април.
Став по ова прашање не успеавме да добиеме ниту од владејчката партија. Се што кажува ВМРО-ДПМНЕ е дека граѓантие ќе бидат навреме информирани.
Утрово неколку медиуми објавија дека претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во сабота ќе ги распише претседателските избори, а првиот круг гласање би требало да се одржи на 13 април. 

30.01.2014 - 11:14
Фото: 
DW

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа