Героски и полициски новинар и основач на Дневник

 

НетПрес објави извадок од кој се гледа дека новинарот Бранко Героски бил во колегиумот и работел на издавањето на полициското списание „Безбедност“ кое се печатело како списание на МВР.

Со ова не само што се добива потврда дека“слободниот и независен” Героски бил всушност режимски новинар кој работел за полиција, одредени кругови во јавноста велат дека ваквиот ангажман на Героски претставува потврда на тврдењето кое го обзнани новинарката Мирка Велиновска дека всушност формирањето на Дневник било со “амин” на тогашната власт на СДСМ, односно со подршка на полицијата чиј министер бил токму Фрчковски. 

Мирка за ова во интервјуто дадено за Дневник минатиот месец изјави:

-Сега најгласни во битката за слобода на медиуми се истите тие новинарски кадри што и служеа на таквата политика, а кои како што се изјасни Љубомир Фрчкоски во една пригода, се одгледани како печурки во подрум, на темно, и хранети со измет. Всушност, ја имам и напишано случката со Фрчкоски и за тоа како настана „Дневник“ на чело со Бранко Героски. Додека беше министер за внатрешни работи, неколкумина од нас, кои важевме за влијателни новинари во „Нова Македонија“ и во други медиуми, не повика во својот кабинет. Беа присутни Елеонора Kаранфиловска, Сашо Орданоски, Александар Чомовски, Милан Банов, Александар Шолјаковски. Фрчкоски побара од нас да сме го рушеле Панде Kолемишевски.  Да, ние сме имале конфликт со Kолемишевски во одредени моменти, па дури и меѓу себе, но не ни се веруваше што слушаме и сите исто изреагиравме, дека нема да дозволиме владејачката партија да ни го менува уредникот од надвор. Му рековме: „Ова не е Македонска телевизија, каде што менувате уредници“, а знаевме како во МТВ се менуваа уредници - во кафеана. Јас сум сведок на еден од ручеците на Бранко Црвенковски како премиер со новинари во „Уранија“, кога тој го смени Сашо Ордановски со зборовите: „ни правиш штета“. Но тоа ваквите уредници сами си го дозволуваа. Kога Kолемишевски се обиде поголема група уредници од „Пулс“ да не разреши зашто објавуваме имиња што треба да се лустрираат, упаднавме на новогодишната прослава на целиот политички врв во Kлубот на пратениците. Отидовме директно кај Kиро Глигоров и кај Црвенковски и ги направивме „салата“. Разрешувањата беа веднаш повлечени. Е, Фрчковски бараше да бидеме послушници и тогаш ги најави „Дневник“ и Героски за да ја урнат „Нова Македонија“.

Ангажманот за полиција на Героски го размотува клопчето. Односно Героски ем си пишувал за полиција ем си го основал Дневник. Токму тврдењето и сведоштвата на Мирка упатуваат дека Героски го основал Дневник со поддршка на тогашната власт.

 

 

29.01.2014 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега