Мицајков не бил во затвор бидејќи се жалел

 

Мицајков не бил во затвор бидејќи се жалел и поднесувал нови барања за прекин на затворската казна поради лекување. Вакво објаснување добивме од скопскиот Киривчен суд на прашањето, каде бил екс-директорот на прилепскиот Тутнски комбинат во периодот од 3 октомври лани до 2 јануари оваа година.
Од Судот велат дека во целиот тој период Мицајков бил на слобода бидејќи се жалел на судските одлуки и поднесувал нови барања за прекин на затворската казна.
Од Судот велат дека е точно дека директорот на затворот во Идризово не бил известен дека на Мицајков му е предолжен прекинот на казната. Од таму велат дека за тоа немаат обврска се додека одлуката за прекин на казната не стане правосилна, а тоа не се случило бидјеќи сите странки не ја примиле одлуката (обвинетиот, неговиот адвокат и обвинителот)
Нејасно е како со одлука која не е правосилна, Мицајков е легално на слобода и како може затвореникот од слобода да се жали на одлуките на судот и со тоа да сам да си ја пролонгира казната.

Од Кривичниот суд повеќе детали најавија во соопштението кое се очекува да го испратат наскоро.

29.01.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега