Голем пожар во селото Мешеишта - три куќи и плевна во пламен

Пожар избувнал во плевна во селото Мешеишта, општина Дебарца.

Според информациите кои ги објавуваат охридските медиуми, плевната изгорела до темел, а пламените јазици зафатиле и три куќи. 

Пожарот избувнал околу 11:20 часот, а пожарникарите се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.

Сеуште не е познато дали има повредени жители или пожарникари.

29.01.2014 - 13:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега