„Девојчето со кибритчињата“ во Индија се закити со награда за најдобар краток филм
Краткиот игран филм „Девојчето со кибритчињата” во режија на Филип Матевски и продукција на „Квазар филм“ во Индија се закити со награда за најдобар краток филм на меѓународниот детски филмски фестивал Children's India.
Филмот е снимен според мотиви на истоимената приказна на Ханс Кристијан Андерсен во Скопската чаршија, а својата премиера ја имаше во 2011 година на „Синедејс“ во Скопје.
Филмот чие сценарио го напишаа Филип Матевски и Ивана Нелковска, директор на фотографија е Душан Кардалевски, а продуцент Данко Димовски, до сега е прикажан на 15 интернационални фестивали.
29.01.2014 - 13:48
Фото:
Нова Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа