Никој не го известил директорот на Идризово дека Мицајков е легално на слобода

Директорот на затворот во Идризово , Живко Пејковски не знаел дека затвореникот Тони Мицајков добил продолжување на прекинот на затворската казна поради здравствени проблеми. Тој во изјава за весникот Вест вели дека денеска прв пат слушнал дека Мицајков е легално на слобода.

"До нас досега никој не доставил известување дека на затвореникот Тони Мицајков му е продолжено времето за лекување за период од три месеци. Поради тоа ние него го водиме како затвореник кој не се вратил во затворот по истекот на едномесечниот отпуст За отсуството на Мицајков на 3 октомври минатата година ние го известивме Судот. Поштата на рака му е предадена на курирот на Судот и од тогаш немаме никаква информација ниту сме надлежни за понатамоните постапки кои треба да ги преземе Судот и МВР", вели Пејковски за Вест.

Но првичниот прекин на затоврската казна на Мицајков истекол на 3 октомври, а новото продолжување на прекинот, Судот го одобрил од 2 јануари. Оттука, нејасно е каде бил Тони Мицајков во периодот од почетокто на октомври па се до крајот на 2013 година.  Тоа значи дека цели 3 месеци, Мицајков бил надвор од затворот иако според осудителната судска одлука, требало да одлежува затворска казна. 
Како што вели Пејковски, тој го известил Судот дека Мицајков не е во затворот со што практично го прогласил за бегалец. Согласно законот. 
Извори во Судот утрово за Press24 тврдеа дека воопшто не добиле такво известување, па оттука, не распишале потерница по Мицајков. Од полицијата за Press24 потврдуваат дека до нив никогаш не пристигнало барање од судот, да се организира потрага по осуденикот Тони Мицајков кој цели 3 месеци практично бил во бегство. 

29.01.2014 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега