Директоот на Прилепскиот тутунски избегал пред 4 месеци од затвор

 

Директорот на Прилепскиот тутунски комбинат побегнал од затворот во Идризово пред повеќе од 4 месеци. Според последните информации до кои дојде Press24 тој уште минатата година бил пуштен на болничко лекување откако направил операција на жолчката и третман на дебелото црево. Во затворот требало да се врати на 1 октомври лани. Но Тони Мицајков на овој ден не се пријавил во затворот во Идризово поради што бил издаден налог за негово стражарно приведување. Полицијата не успеала да го најде, па од 1 октомври до денеска скоро 4 месеци, Мицајков се води како затвореник во бегство

29.01.2014 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега