Седници на пет собраниски комисии

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат Законодавно-правната комисија, како и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за транспорт, врски и екологија и за култура.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија е предлог-законите за користење на податоците од јавниот сектор, за изменување и дополнување на Кривичниот законик, двата во второ читање.Членовите на оваа комисија ќе расправаат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство во прво читање, како и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, во второ читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа за предлог-законите за користење на податоците од јавниот сектор, и за изменување и дополнување на Кривичниот законик, двата во второ читање.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат за Предлог-законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење бензини во прво читање.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година.

Комисијата за култура ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство во прво читање и за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности во второ читање.

29.01.2014 - 08:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега