Полицијата направи "парче" во Куманово - запленети 5470 петарди
СВР Куманово поднесе кривична пријава против четворица кумановчани кои продавале петарди.
Во првиот случај се работи за 21-годишната С.С. која на импровизирана тезга на градскиот плоштад во Куманово била затекната додека врши продажба на пиротехнички материјал при што од неа се одземени 132 парчиња петарди, што ги набавила од непознато лице од Скопје.
Во вториот случај се работи за 33-годишниот Ш.С. кој исто така на импровизирана тезга на градскиот плоштад во Куманово е затекнат додека продава петарди, при што од него се одземени 733 парчиња петарди, што ги набавил од непознато лице од Скопје.
41-годишниот С.М. и 21-годишниот И.М. се исто така затекнати додека продавале петарди, а од нив полицијата одзела 4.605 парчиња петарди, што ги набавиле од непознато лице од Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа