Ратко Младиќ: Не сакам да сведочам, ова е сатанистички суд!

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ денеска беше сведок на судењето на некогашниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.

- Јас не го поднесувам овој Хашки трибунал, ниту го признавам, ниту можам да сведочам тука, изјавил Младиќ на почетокот при давањето заклетва, пренесе српскиот Блиц.

Поранешниот командант на силите босанските Срби, Ратко Младиќ, Трибуналот на Обединетите нации за воени злосторства го нарече "суд на ѓаволот".

За потсетување, судскиот процес против Караџиќ започна во октомври 2009 година, а во тек е заврша фаза од изведувањето на докази од страна на одбраната.

28.01.2014 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега