ВИДЕО: Приказна која ќе ве потресе- се родил без раце и научил да свири труба

Џамир Волис од Њу Џерси кој има само десет години роден е без раце, меѓутоа хендикепот не го спречи да се бори во животот и да ги оствари своите соништа. Научи да пишува со нозе, а врши и низа други задачи, и сега свири и труба.

Многу труд и работа мораше ова момче да вложи за да ги оствари своите соништа, но тој успеа во тоа.

Мојата постара сестра свиреше клавир, па одлучив и јас да пробам да свирам некој инструмент, вели момчето.

Се одлучил за труба и пред неколку месеци почнал со првите лекции.

"Почувствував возбуда. Ми беше угодно и сфатив дека тоа е за мене" вели Волис.

Работниците во локалната продавница за музички инструменти му направиле посебен статив за трубата, за да му се олесни на момчето користењето на неговиот омилен инстумент.

28.01.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега