"Душата ми се кине, не можам ни да си го погалам детето" - животна приказна која ќе ви го скрши срцето

Животната приказна на осумгодишниот Риз Вилијамс од Велика Британија ќе ви го скрши срцето. Малото момченце боледува од ретка и неизлечлива болест, поради која не може никој да го допре или да го прегрне, бидејќи и од најмал допир неговата кожа почнува да се лупи. Најголемиот хорор за него е капењето, бидејќи тогаш момченцето има ужасни болки.

- Се чуствувам како најлоша мајка на светот кога треба да го бањам моето детенце. Навистина е ужасно, трае со часови бидејќи го боли целото тело. Душата ме боли кога го гледам како се превиткува од болки. Сепак, моето дете е прав борец и веќе не сака да пие таблети против болка, вели мајката Тања Мурс.

Малечкото момченце од раѓање боледува од ретка наследна болест поради која има премногу чуствителна кожа, па и најмал допир предизвикува отоци и таа да се лупи. Момченцето е во завои и за жал, не може да има нормален живот, да другарува и да игра со дечиња на негова возраст како и секое друго детенце.

Освен болките кои ги трпи, Риз поминува и низ уште една тортура. Како што расте тој започнува да се срами од својата состојба и од тоа како луѓето гледаат во него.

- Постојано вели Мамо покриј ме да не ме гледаат! Онаа жена ме гледа! Оној маж ме гледа!, вели мајката.

Откако момчето дознало дека нема лек за оваа болест, составило список на желби кои сака да му се остварат до крајот на животот, а меѓу нив е желбата да оди во Шпанија, Флорида, и да плива со делфини.

 

28.01.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега