Лала на разговор со градоначалникот на Дебар за „Луково поле“

 

Ахмет Лала, вршителот на должноста амбасадор на Република Албанија во нашата земја денеска престојуваше во Дебар и оствари средба со градоначалникот Ружди Љата.

Како што изјави Лала целта на посетата е да поразговара и изворно да се запознае во врска со проектот „Луково Поле“, кој од неодамна е во центарот на вниманието во двете земји.

“Разговаравме каква е состојбата на терен, ќе комуницираме и понатаму за оваа проблематика”, изјави Лала.

Тој порача да не се злоупотребува оваа проблематика од политиката и од медиумите. 

Градоначалникот е убеден оти по средбите на министерите на двете земји со албанскиот премиер Еди Рама, но и изјавата на премиерот Никола Груевски, во врска со „Луково Поле“ ова прашање се финализира во интерес на граѓаните на Дебар, но и на сите страни.

27.01.2014 - 17:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега