Драган Павловиќ Латас: Уредник
Во предизборна фаза сме. Се осеќа тоа. Ќе се бира Главен и одговорен уредник на Македонија. Да. Баш така. Кој има дилема, нека прошета по весниците, по сајтовите последниве недели... а и наредните, богами, и ќе ја најде потврдата за ова.
СДСМ, во повторен недостаток на програма и кадри за политика, се нафрли врз новинарите. Они не се борат за премиер, тоа им е веќе отпишано од агендата на можностите. Нивна главна преокупација е да бидат главен уредник на Сител, и барем уредници во Вечер, Дневник, МРТВ, Канал 5, Алфа... на кратко, секаде каде што има квалитет, успех и добри резултати во рејтинзите. Се што тие, одамна, немаат.
Преку адвокатот со две лица, едно адвокатско а друго портпаролско, што така инспиративно се вика Петре... е преку тој лик во време на предизборие, наместо да си ја тераат својата работа против партијата која е на власт, петревци оценија и проценија дека немаат шанса против ВМРО и Груевски, па се пробаа против новинарите.
Рада, во пауза на нејзините легендарни шопинзи и фризерски сеанси да се дојде до идеална ладна трајна, му дава шанса на спомнатиот Петре Ш. да се испере од својата пробучковска кал од минатото, и да се избори за место во партијата со отворање фронт против мене, моите соработници, и други новинари кои не се импресионирани од нејзината ладна трајна. И од нејзините изборни порази, најтешки во нашата историја.
Зошто е Рада толку страствена во односот кон мене, ние си знаеме...
Петре Ш. за потребите на Рада турка афера дека уредничката на Вечер и Сител, Ивона Талевска, добила тендер од државата за набавка на опрема за здравство во вредност од еден милион евра. Па нејзините љубители на ладната и трајна веднаш пакуваат случај: Ивона Милионерка, најблиска новинарка на Груевски... и се така, како што со децении правеле. И како правеле, така и поминувале. Осум изборни порази по ред.
Нема ни факти, ни докази за тоа. Се создава перцепција, емоција наместо информација, и таа емоција после се шири, и лепи по Фејсбук заедницата како тековна забава после досадните празнични недели.
Па Петре Ш. постава етички и морални дилеми: неморално е новинар да се занимава со други работи освен новинарството. Петре заборава - изјавата ја дава адвокат кој излегува на телевизија при вршење друга работа, портпарол на партија. Е сега, дали неговата дополнителна дејност, портпарол, е морална или не, јасно е секому.
Да ги оставиме малку емоциите на страна. Што зборат фактите.
Новинарката Ивона Талевска во ниту еден момент не е сопственик, ниту вработена, во фирма која добила тендер од државата. Сопственик на таа фирма, Визарис, е странско лице од Белград. Потоа, дел од фирмата е купена (не подарена) од нејзината мајка.
Државата ни случајно на таа фирма не и исплатила милион евра. Нема такво нешто. Постои договор во кој за наредните четири години, согласно свои потреби, од фирмата Визарис ќе се порача медицинската опрема која е понудена. И, што правиме сега?
Петре Ш. на Рада Ладнатрајна манипулирал со јавноста. Манипулирал како адвокат, или како портпарол. Битно е да го знаеме тоа, бидејќи на вратата не му пишува: до 3 попладне сум адвокат, а после три сум портпарол на СДСМ.
Дури ни такви какви што се, од СДСМ не посочија дека Ивона Талевска, или државата, сториле нешто незаконско, сомнително барем. Не.
Тераа афера на тезата дека новинари користат привилегии за да тераат свои бизниси кои, и за СДСМ, се апсолутно законски. И, ако може, сега пред избори да се исплукаат новинари и медиуми кои не се во нивниот партиски сервис. Веќе видено.
Петре Ш. и СДСМ, извршија дискриминација врз новинарите, по професионална основа, и за тоа, помеѓу останатото, Петре и СДСМ ќе бидат тужени.
Зошто новинар, ако има знаење и време, не би терал дополнителна работа. Без оглед дали е тоа трговија, сликарство, такси, кафана, пеење или што и да е. Законски.
Дали, ако деновиве ме извлечеа за добитник на станот по наградната игра со фискални сметки, министерот требаше да го поништи извлекувањето затоа што Латас е добитникот. Незгодно му е, да не помисли сенешто народот.
Колку им беше аферата тенка и лошо пресметана, се покажа набргу.
Дневник објави десетина новинари, од кампот на СДСМ: Борјан Јовановски, Менче Точи, Биљана Секуловска, Бранко Геровски, Ацо Кабранов... кои имаат по неколку фирми, се занимаваат со угостителство, трговија, здравство, невладини организации... и, одеднаш, видовме дека аферата на Петре е фрлање камен по своја глава.
За разлика од приказната за Ивона, која нема ниту една допирна правна точка со случајот за тендерот во здравство, и која таа ја издржа машки и на нозе без да навреди никого, особено не други новинари кои му одработуваа на Петре Ш. и СДСМ... новинарите на Шекеринска и Петре Ш. покажаа, по објавувањето на нивните бизниси, многу нервоза. Работата отиде до таму што Бранко Геровски ја исплука новинарката на Дневник, авторката на објавеното, со текст кој почнува со - мочла... а завршува со - губи се.
Тоа е неговиот придонес кон слободата и респектот кон новинар, и новинарството. Новинар смее да пишува што сака, ама да не го 'рчка Геровски, Радмила, Заев... и бандата.
Бидејќи навредуваш новинар, а особено жена, како маж Геро брате да ти кажам дека си обична разрока фукара која упропасти барем пет весници, и одговараш за барем сто новинари кои заради твојата неспособност останале без работа. Заедно со Борјан Јовановски, а и камаприлата на која и припаѓаш, имаш весник од парите на Заев, како што Фрчко и МВР ти го отворија Дневник на времето, за што јавно ти сведочеше и Панде Колемишевски. Ти ќе ги собереш парите од разни ГЕМ-ови, Сорос фондови, амбасади, Дневници, Слободни и остали весници и проекти... и ќе му ја здуваш оставајќи ги на улица новинарите кои ти го граделе богатството. Како што направи и Велија, твојот ментор.
Според моја груба математика, од Сорос, продажбата на Дневник, парите примени и вртени за Шпиц, Сега, Дневен Фокус, Слободен печат... имаш инкасирано чисти, и во пари изрезени, околу еден милион евра. За разлика од твојата непоткрепена афера за Ивона, ти имаш свртено конкретни милион евра. Имаш најмалку три станови, додека луѓето што ги оставаше на улица одат со автобус на работа, и живеат под кирија или кај родители.
Нервозата ти е затоа што, сепак, ти проработела валканата совест.
Ти, и пајташите ти под контрола на Рада Ладнатрајна и Петре Ш. тврдите дека некој од нас примил пари од владата за да не ја критикува. Да ја поддржува. Тоа не е точно... но, еве, хипотетички... ептен хипотетички да земеме дека е така.
Ние ја поддржуваме македонската Влада. Од кого, и за кои цели ти земаш пари, и што одработуваш за тие нам непознати газди кои те плаќале, и плаќаат се уште.
Ти, заедно со твоите, беше поддржувач на оние кои ја приватизираа и ограбија Македонија. Беше поддржувач на Киро и Бранко кога се откажаа од знамето и уставното име. Ти го афирмираше УЧК и Али Ахмети во 2001 година, и од насловна страна на Дневник ми се закануваше на мене и на Мирка Велиновска дека после 2002 ќе не нема.
Ти, од насловни страници, се фалеше дека си го донел Црвенковски на власт, што тие мана која ја делиш заедно со Велија кој, исто така, тврдеше дека он создава и руши влади.
Ти го афирмираш грчкиот ултиматум за името и нормалност за двојазичност на Македонија. Ти си од таа, јас сум дваесет години од спротивната страна на тие теми.
Па, разроки пријатељу што ужива да плука по жени, особено новинарки, тоа е твојот производ за парите кои ти се плаќани и привилегиите кои ти се испорачани.
Во аферата Фабрика, каде со сметки и износи, се утврди дека владата на СДСМ во 2005-та плаќала куп новинари за да пишуваат по барање на партијата... на прво место на списокот се истакна Борјан Јовановски. Во тоа време јас му бев уредник во Сител, а тој водеше Дневник. Ниту го казнив, ниту барав отказ за него од Ѕинго. Работеше нормално.
Твојот Драган Антоновски, исто така од Сител, три години не работи ништо, а прима плата од Сител, за атер. Да не ти спомнувам дека во Дневник, во Сител, беше уредник и Зоран Иванов, тврдото перо на СДСМ. Ниту доби отказ, ниту по било што е оштетен.
Гледам, новинарката Оливера Трајковска имала ортачка фирма со политичарката Софија Куновска, уште од 2005 година, кога имаше емисија во Сител. И тоа не ми сметало, ниту сум ја поштувал Оливера помалку заради нејзиниот новинарско-политички бизнис.
Не ми смета ни сега, кога е дел од банкарската добро платена олигархија.
Тоа се разликите помеѓу нас. А тоа се големи разлики, пријатељу.
Како што се уште поголеми разликите со флектата Ацо Кабранов, кој ужива да иронизира со мојот професорски ангажман, и титулата доктор по економски науки.
Неговото однесување е нормално. Очекувано. Ацо Кабранов нема никакво школо, никаде не дипломирал. Маж кој шета низ град во шалвари, а не во панталони, од машкоста има само заокружена буква во изводот на родени. Се потоа му е метаморфоза.
Е мој Петре Ш., те разбирам дека сега радо би го вратил времето назад, да ги снема сите зборови и глупости што ги направи на штета на своите, а и штета за себе. Но, бидна.
Значи, сред кампања сме за Главен уредник на Македонија.
Јас немам амбиции на тој план. Мојот статус, на најдобар во оваа работа, го живеам и уживам со задоволство. Не користам Дајнерс картичка, не сакам да имам ништо заедничко со Радмила Ш. Кој имал нешто со неа, по правило, имал загуба и пораз.
Пишува: Драган П. ЛАТАС за Вечер
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа