Кој е убиениот маж во кочанско Облешево?
Жителите во кочанското село Облешево сеуште во неверување по грозоморното убиство кое се случи во нивното село. Во семејна трагедија животот го загуби 55 годишниот Благојчо Ѓ., кој бил вработен во средното техничко училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, како стручен наставник по машински предмети и пракса.
Благојчо се расправал со својата 48 годишна сопруга, која во еден момент се збеснала, земала метална цевка и го удрила својот сопруг во главата. Жената во паника ги повикала Брзата помош и полицијата, но, тие само ја констатирале смртта кај нејзиниот сопруг.
Деталите од убиството прочитајте ги тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа