Македонски зет убиен во Прешево
Maкедонскиот зет Теиснес Кнут Станојевски бил убиен од специјалните сили на полицијата во Прешево, откако, од засега непознати причини се шетал со пушка во рака низ улиците на градот.
Засега е познато дека Станојевски пред неколку години се оженил со кумановчанката Наталија Станојевска. Тие минатата година се преселиле во Прешево, во населбата Железничка станица.
Нивните соседи велат дека двајцата биле мирни граѓани. Станојевски важел за посветен сопруг, кој кога излегувал во град пиел само сок. Тој не знаел српски или македонски, па двајцата сопружници меѓусебно разговарале на англиски јазик.
Се уште не е познато каде ја набавил пушката ниту што планирал со неа да направи. Српската полиција работи на расчистување на случајот и ја истражува можната поврзаност на Станојевски со радикални верски групи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа