Во подготовка е првиот холивудски филм за Мајка Тереза

 

Во подготовка е првиот холивудски игран филм за Мајка Тереза.

Се уште се бараат режисерот и главните глумци а снимањето треба да почне на крајот на оваа година во Индија.

Американскиот филмски магазин „Вараити“, објави дека почнати се подготовките за првиот игран филм за светски познатата хуманитарка Мајка Тереза. Филмскиот продуцент Тони Кранц му ја доверил на познатиот сценарист Кир Пирсон („Хотел Руанда“) работата за планираната филмска биографија „I Thirst.

Овој филм ќе биде приказна за раната мисионерска работа на Мајка Тереза, која почина во 2007. година. Таа е родена како Агнеза Гонџа Бојаџиу во Скопје, Македонија.

На свои 19-години калуќерката стигнала во Индија, каде во 1950. година го основала редот Мисионери на милосрдието.

Мајка Тереза во 1979 година стана светски позната жена  со добивањето на Нобеловата награда за мир . Мисионери од редот која таа го основа во меѓувре еима во 135 земји во светот. 

26.01.2014 - 15:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега