Им ги скршиле главите од чиста мира - се пролеа крв на скопските улици

 

Дваесет и едногодишните скопјани А.Р. и Х.А. заработија кривични пријави и куќен притвор, откако на 3. ноември минатата година без никаков повод и причина претепале двајца нивни врсници. 

Инцидентот се случил вечерта на 3. ноември, околу 21 часот на улицата „Алија Авдовиќ“. Двајцата скопјани заедно со уште неколку непознати лица, без никаква причина претепале двајца нивни врсници. А.Р. и Х.А. заедно со другите непознати лица, без ништо да им кажат, ги нападнале, удирајќи ги со дрвени и метални палки по главата и телото. Едно од момчињата, успеало да побегне, додека другото и откако паднало на земја, продолжиле да го тепаат. Откако крвнички ги истепале своите врсници, насилниците избегале.

На претепаните им е укажана лекарска помош во скопскиот Ургентен, каде на едното момче му се констатирани тешки телесни повреди фрактура на левата рака, расекотина на главата, како и контузии по телото и главата, а на другото момче му  е констатирана телесна повреда, контузија на главата.

Полицијата ги пронајде и приведе А.Р. и Х.А. и се уште работи на утврдување на идентитетот и на другите учесници во кривично правниот настан.

26.01.2014 - 13:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега