Стружанец загина туркајќи го своето „Фиќо“
Стружанец загина во бизарна несреќа на регионалниот пат Струга - Дебар, близу каменоломот кај месноста „Бороечки мост“. Станува збор за 64 годишниот Неде Ц. од селото Пискупштина, кој починал откако на него се превртел автомобил „Застава 750“.
Несреќата се случила утрово околу 7 часот, кога стружанецот се обидел да го запали автомобилот туркајќи го на наудолница на пат кој води кон Глобочичкото езеро. Според информациите од полицијата, се ззабрзало движењето на автомобилот и тој се превртел на левата страна каде што се наоѓал Неде Ц. кој не успеал да влезе во возилото и да го сопре движењето. Стружанецот загинал на лице место.
Полиција извршила увид на местото на несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа