Селмани го нема да ја одбрани новинарката на Дневник
По скандалозните податоци објавени во денешното издание на весникот „Дневник“, кој докажуваат дека новинари блиски до опозицијата имале свои фирми и биле сериозни биснисмени, дел од истите не можејќи да се помират со вистината која излезе на виделина, гневно распалија по новинарката Нешкова, упатувајќи лични и невкусни навреди кон неа, пишува Курир.
Имено, станува збор за истите оние новинарски кадри кои беа најгласни „борци за слобода на медиумите“, кои сега плукаат по слободата на весникот „Дневник“,кој обелодении дека освен новинари се и сопственици, основачи, соосновачи или управители во повеќе компании. Некои сами, а некои со здружени сили основале компaнии.
Таканаречените „Борците за медиумите“ сега се борат против медиумите, имено против „Дневник“, или поточно против истакната новинарка од овој медиум, која ги објави нивните бизниси, по што нивната „борба за слобода на медиумите“ ја заменија со навреди, гнев и омрза, пренесува Курир.
По сите овие навреди, редакцијата на Курир се обидела да стапи во контакт со претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, но не успеа да го добие и да дојде до одговори дали ЗНМ ги осудува овие напади врз новинарските кадри, или поточно каде е ЗНМ да ја одбрани Нешкова од злобните навреди, кои ги добива поради вршењето на својата должност.
Дали ЗНМ за некого е мајка, а за некого маќеа и дали првиот човек на ова здружение молчи затоа што можеби и тој се „омрсил“ од некои фондови, оставаме на проценка на јавноста, пишува порталот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа