Не се прашува за цената на билетите за Златна Бубамара

 

“Тепачка“ за карти за Златна Бубамара на популарноста. Според информациите на Курир, во изминатите 10 дена, во Радио Бубамара и МК тикетс пристигнале над 5.000 резервации за купување билети. Граѓаните кои си резервирале не ги интересирала ниту цената на билетите.

Иако настанот беше скромно најавен, преку 5.000 обожаватели на добриот хумор, сатира и одлична музика решиле да бидат дел од манифестацијата на која учествуваат најпопуларните личности од Македонија и Балканот.

Организаторот на манифестацијата размислува да го префрли шоуто во поголема сала, за да можат што повеќе луѓе да присуствуваат и да уживаат во понудената програма. Како што информира организаторот, за тоа прашање ќе се одлучи во наредните денови, кога билетите би биле пуштени во продажба.

Во штабот на Бубамара интензивно се подготвува големото шоу. Сценариото и наградените и оваа година се чуваат во најголема тајност.

25.01.2014 - 14:37
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега