Подгответе се за вистинска зима

 

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Околу пладне и попладне ќе дува засилен северен ветер наместа со брзина и над 70 километри на час.

Ова северно струење ќе услови температурите во текот на денот нагло да опаднат, а врнежите од дожд да преминуваат во снег, најпрво во северните делови од земјата. Снежна покривка ќе се формира на планините и на повисоките места, меѓутоа помала снежна покривка е можна и на некои пониски места.

Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од три до 10 степени. Во северните делови околу пладне и попладне температурата нагло ќе опадне.

Во Скопје времето ќе биде облачно, претпладне со врнежи од дожд, а околу пладне со засилен северен ветер што ќе услови врнежите и во Скопско да преминуваат во снег, но ќе се намалат во интензитет. Утринската температура ќе биде до пет, а дневната околу четири.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито, а ќе има и локални врнежи од снег.

25.01.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега