Не попот, туку еден од верниците кои го пренел од чамецот се лизнал во водата
Од Православната црковна општина Свети Никола во Перт Австралија, негираат дека Протојерејот Веско Каранфиловски од Македонската православна црковна оптшина Свети Никола во Перт, Австралија, дека паднал од чамецот во водата за време на чиноначалствувањето со богослужбата на Водици во реката Свон пренесува Вест.
Имено од таму велат дека чамецот од кој се фрлал крстот се приближи до брегот, и за да не ги гази протојерејот тие 3 метри до брегот,се понудике двајца верници да го пренесат. Едниот од нив се лизнал и паднал во водата, а протојерејот во водата паднал до колена над едниот од нив, па затоа бомбастичната вест дека попот ќе се удавел (40 см) и оти го спасувале спасувачи и други верници, е преувеличана", стои во демантот на текстот објавен во "Вест" во понеделникот, со наслов "Попот ќе се удавеше".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа