Еве каде да се вработите за плата од 38.172,00 денари

 
Централен регистар на Република Македонија има потреба од засновање на работен однос на неопределено време со 1 (еден) работник и тоа со:

А. 1 (еден) работник со VII-1 ВСС , на работно место советник со најмалку 2 (две) години работно искуство и работа на компјутер
- Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно редовно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата).
- Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8,30 часот а завршува во 16,30 часот.
- Основната плата за работното место изнесува 38.172,00 денари.

Сите кандидати треба да ги достават следните документи:
• Молба со кратка биографија;
• Копија од лична карта;
• Уверение ( Диплома ) за завршено образование;
• Уверение ( Диплома ) за познавање на работа на компјутер
• Доказ за работно искуство.

Заинтересираните кандидати, молбата заедно со доказите за исполнување на условите по овој оглас можат да ги достават во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот.

 

ЛИНК: http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/sovetnik/10907

Централниот регистар на Република Македонија изборот ќе го изврши во рок до 45 (четириесетипет) работни дена по истекот на рокот за пријавување, а доколку има повеќе од 200 пријавени изборот ќе се изврши согласно законски утврдените рокови.

Некомплетните и неблаговремено поднесените молби нема да се разгледуваат.

24.01.2014 - 17:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега