Венизелос доаѓа во Скопје
Грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос во наредните неколку седмици ќе го посети Скопје, објави МИА.
Венизелос ја обелодени оваа информација на денешната средба со новинарите во Атина. Тој истакна дека во следните неколку седмици ќе посети пет градови градови од Западен Балкан – Тирана, Приштина, Белград, Подгорица, Сараево и Скопје.
- Посетата ќе биде во својство на претседавач со Советот на ЕУ, и основната причина се надлежностите на Советот за општи работи на Унијата, изјави Венизелос, додавајќи дека тоа не значи оти „прекинува“ да биде заменик-претседател на грчката Влада и министер за надворешни работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа