Незапирливи тетовските крадци - „Гоце Делчев“ остана без компјутери

 

Засега непознати сторители ноќеска го опустошиле основното училиште „ГОце Делчев“ во тетовското село Стенче.

СПоред информациите од тетовската полиција, крадците насилно ја отвориле влезната врата, го пребарале целиот објект и од неколку простории украле пет компјутерски куќишта и два монитори. 

Штетата е проценета на околу 2.500 евра. 

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

                        

24.01.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега